26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТри клучни промени кај новиот Note 6

Три клучни промени кај новиот Note 6

fab34

Фаблетот „Galaxy Note 5“ се определува од многу експерти како грешка. Од него исчезнаа картичката за проширување на меморијата, а батеријата стана „незаменлива“. Во исто време фаблетот за првпат не е достапен за сите светски пазари.

Од „Samsung“ очигледно зеле поука и според експертите ќе ги поправат грешките.

Еве ги очекувањата кои се поврзани со следниот фаблет од серијата „Note“.

fab35

Првата голема промена се очекува да е во правец на екранот. Тој може да е „Edge“ што би било единствен за серијата. Во овие шпекулации има голема доза логика, предвид на фактот дека сличен приказ би го направил фаблетот многу пофункционален.

Промена број два се очекува да е масивната батерија. Според шпекулациите смартфонот ќе е со моќна батерија – од 4.000 mAh, наспроти таа од 3.000 mAh кај претходната верзија.

fab36

И третата основна промена се очекува да е во правец на оперативната меморија. Специјалистите прогнозираат шестата серија на фаблетот да располага со 50% повеќе меморија од својот претходник, или 6 GB.

И на крај, според некои гласини, е можно да видиме мало зголемување во големината на екранот на уредот до 5.8-инчи наспроти 5.7% кај петата серија. Тоа, меѓутоа, изгледа најмалку веројатно.

Дали сето ова ќе се случи останува да видиме за само неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП