27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСекој Германец кој ќе купи електричен автомобил ќе добие 4000 евра попуст

Секој Германец кој ќе купи електричен автомобил ќе добие 4000 евра попуст

elektrik 33

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел постигна договор со производителите на автомобили за заеднички трошоци во висина од 1,2 милијарди евра за поттик на продажбата на електрични автомобили, соопшти „Bloomberg“.

„Купувачите на електрични ќе можат да добиваат попусти до 4.000 евра, со кои ќе ја компензираат високата цена на автомобилот“, изјави министерот за финансии Волфганг Шојбле во Берлин.

Германците, кои сакаат да купат хибриден автомобил, ќе можат да користат попуст до 3.000 евра. Индустријата ќе презема 50% од трошоците.

„Целта е да се стимулира купувањето на електрични возила, што е можно побрзо“, рече Шојбле и додаде дека идејата е отстапките да можат да бидат понудени уште следниот месец.

Автомобилската индустрија, која е најголемиот производствен сектор по приходи во Германија, ги одредува стимулите за клучен фактор поради големината на германскиот пазар кој генерира речиси четвртина од продажбата на автомобили во Европа.

Меркел сигнализираше во февруари дека е подготвена да ги поддржи субвенциите, за да се постигне целта од 1 милион електрични возила по германските улици до 2020-та година, а во вторникот потпиша договорот со извршните директори од секторот по недели дискусии како да се распредели финансирањето. Првично беше предложено тие да преземат 25% од трошоците.

Во Германија се продадени нешто повеќе од 30.000 електрични возила кои се поскапи од конвенционалните модели. Тоа е сосема мал дел од вкупно трите милиони автомобили, кои се купуваат во Германија годишно.

„Автомобилските производители се едни од клучните индустрии и не е во ред, ако ги оставиме сосема сами“, рече министерот за економија и заменик-канцелар Зигмар Габриел. Тој ги спореди субвенциите со стимуланси кои пред неколку години европските влади ги даваа во името на создавање на групата „Airbus“.

Бизнисот во Германија се посочува на практиката во Франција, каде што минатата година Владата предложи 10 илјади евра попуст за возачите кои сакаат да го продадат својот дизел автомобил на постар повеќе од 14 години. Во Норвешка пак електричните возила се ослободени од ДДВ, како и од еднократната екотакса. Постои можност за бесплатно полнење и паркирање и возачите на електрични автомобили можат да возат во лентите за автобуси, за да се избегне сообраќај, посочува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП