27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИгрите за мобилни телефони генерират рекордни приходи во сегментот

Игрите за мобилни телефони генерират рекордни приходи во сегментот

igri 33333

Приходите од продажбата на мобилни игри се очекува во оваа година да ги надминат генерираните средства од конзолите и игрите за десктоп компјутерите – за прв пат во историјата.

Игрите наменети за паметни телефони и таблети, се очекува да донесат приходи во износ од 36.9 милијарди долари, или цели 37% од вкупните приходи во овој сегмент, според консултантската компанија „Newzoo“.

За споредба приходите од игри за десктоп компјутери се очекува да се во износ од 31.9 милијарди долари, додека оние од продажбата за конзоли во износ од 29 милијарди долари.

Генерално пазарот на игри ќе забележи раст од 8,5% во оваа година, или до 99.6 милијарди долари, покажува уште прогнозата, а ќе продолжи да расте со слабо темпо и ќе достигне 118.6 милијарди долари во 2019-та година.

Сегментот на мобилни игри бележи сериозен раст во последниве години, заедно со растот на користењето на смартфоните на глобално ниво. Тоа ги привлече производителите на традиционални игри кон него. Компании како „Nintendo“ вложуваат сериозни напори да се претстават нови игри за мобилните телефони, како што е мобилната верзија на популарната франшиза „Pokemon“.

Во никој случај не може да се каже дека бизнисот на игрите, поврзан со мобилните компјутери, умира. Секторот се очекува да регистрира зголемување од 2,1% во оваа година, додека на гејмерските конзоли со 4.5%, покажуваат податоците на „Newzoo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП