26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија информации за новиот Galaxy J5

Се појавија информации за новиот Galaxy J5

j5 telefon

На интернет продолжуваат да се појавуваат слики на смартфони кои се уште не се официјално претставени. Последната жртва е моделот на „Samsung“ – „Galaxy J5“.

Сликите наведуваат во детали што да очекуваат корисниците од кинеската верзија на смартфонот. Од нив, станува јасно дека тој во многу поголема мерка од неговите претходници ќе се доближува до моделите од повисока класа од серијата „А“.

j5 telefon1

Смартфонот се очекува да е со метално тело и да се нуди во неколку основни бои, меѓу кои бела и златна. Во однос на техничките карактеристики уредот се очекува да е со 5.2-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, чип „Snapdragon 410“, како и два гигабајти RAM меморија.

Оперативниот систем се очекува да е „Android 5.1.1“, а внатрешната меморија да е во износ од 16 GB. Камерата на уредот најверојатно ќе има 13 мегапиксели.

j5 telefon2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП