26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар казнет со 45 милиони евра за даночно затајување

Нејмар казнет со 45 милиони евра за даночно затајување

nejmarco 00

Напаѓачот на Барселона, Нејмар да Силва, доби драконска казна во татковината поради затајување на данок.

Нејмар, на државата, ќе мора да и уплати 45 милиони евра, бидејќи преку своите компании избегнал да плати данок на приходите од 56 милиони евра остварени во Сантос, Барселона и од спонзорот Најки, во периодот од 2012 до 2014 година.

Во оваа измама, биле вклучени и родителите на Нејмар, кои ги воделе компаниите преку кои бил затајуван данокот.

Оваа одлука на бразилскиот суд не е конечна, што значи дека Нејмар може да вложи жалба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП