26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбројни туристи во светот се...

Најбројни туристи во светот се…

china3

Кинеските туристи се најбројни во светот, тие минатата година потрошиле најмногу пари за патувања во светот, надминувајќи ги Германците и Американците.

Бројот на кинеските туристи во странство минатата година надмина 83 милиони, што претставува драстичен скок во споредба со 2000 година, кога тој број изнесуваше 10 милиони, соопшти Светската туристичка организација.

Кинеските туристи минатата година потрошиле 102 милијарди долари во странство, 41 проценти повеќе во споредба со 2011 година.

Второто место го делат Германците и Американците со потрошени 84 милијарди долари.

Европејците минатата година поради кризата ги намалиле патувањата и потрошувачката во странство.

Трошоците на италијанските туристи во странство минатата година се намалени за еден процент, на 26 милијарди долари, а на француските за шест проценти, на 38 милијарди евра, пренесуваат странските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП