26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaxthon - најголемиот SUV на Renault

Maxthon – најголемиот SUV на Renault

max tone 00

Францускиот производител „Renault“ ќе ја прошири својата палета на кросовери со уште еден модел. Тој ќе добие името „Maxthon“, а ќе претставува врвен предлог на брендот во овој сегмент.

За предметниот модел се зборуваше уште во почетокот на годината, кога француското издание „Auto-Moto“ покажа шпекулативни слики на „Maxthon“. Сега теренецот е снимен за време на тестови, што го потврдува неговото претстојното излегување на пазарот.

Се тврди дека главниот пазар на „Renault Maxthon“ ќе биде Кина, што е многу веројатно моделот да се појави и во Европа.

max tone 01

Тој ја користи базата на „Nissan X-Trail“, но за разлика од јапонскиот модел ќе се нуди само во верзија со 5 места. „Maxthon“ ќе се смести над „Kadjar“ во палетата на производителот и ќе претставува заменик на не толку успешниот „Koleos“.

Од шпионските фотографии, распространети од изданието „Сarscoops“, станува јасно дека дизајнот на „Maxthon“ е под силно влијание од најновите модели на „Renault“ – „Megane“, „Talisman“, „Koleos“. Што се однесува до ентериерот, за него се тврди дека ќе се обложи на материјали од највисок квалитет, голем број на електронски асистенти и бројни можности за персонализација.

max tone 02

Теренецот од сегмент „D“ ќе има должина од околу 5 метри, а за погонот ќе одговараат најмоќните мотори на Алијансата.

Премиерата на „Maxthon“ најверојатно ќе се одржи на овогодинешниот саем во Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП