26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфоните со најиздржливи батерии

Смартфоните со најиздржливи батерии

baterija mobilen

Корисниците имаат огромен избор при купувањето на смартфон. Кога станува збор за издржливоста на батеријата, сепак, изборот меѓу смартфоните се стеснува значително.

Моќните процесори и најсветлите и заситени екрани често значат пократко траење на батеријата со едно полнење. А тоа е една од најважните карактеристики за повеќето корисници, според резултатите од бројни истражувања.

Овие модели имаат најиздржливи батерии, според весникот „Business Insider“:

6. „Samsung Galaxy Note 5“

batsmart 01

Овој модел се одликува со батерија со капацитет од 3.000 mAh. Во прилог доаѓа можноста за брзо полнење. Смартфонот може да издржи осум часа интернет прелистување, според тестовите на „The Verge“. Ова достигнување е постигнато, и покрај фактот дека уредот се одликува со еден од најдобрите дисплеи на пазарот во моментов, со големина од 5.7 инчи.

5. „Nexus 6P“

batsmart 02

Бартеријата на овој модел е со капацитет од 3.450 mAh. Ова овозможува континуирани разговори во текот на 23 часа. Уредот има уште „USB“ порта-„C“ за брзо полнење. Крајот на 14-часовен работен ден обично уредот го завршува со 30% за следното полнење, и тоа кај „активно користење“.

4. „iPhone 6s Plus“

batsmart 03

Бројките не се сите, кога станува збор за смартфонот. Ова е потврдено од „iPhone 6s Plus“, кој покрај батеријата од 2.750 mAh, се наоѓа на четвртото место на листата. Тоа доаѓа благодарение на најефикасен спој на хардвер и софтвер од страна на „Apple“. При последната надградба на оперативниот систем „iOs“ беше претставен и режимот „Low Power“  кој е исклучително ефективен, кога батеријата достигне 20%. Само благодарение на него смартфонот го продолжува „животот“ за уште еден час или два.

3. „Samsung Galaxy S7“

batsmart 04

Последниот модел на „Samsung“ – „Galaxy S7“, е со релативно моќна батерија од 3.000 mAh. „Животот“ и е импресивен, со оглед на каректеристиката за „секогаш вклучен дисплеј“. Смартфонот е тестиран во текот на 14-часа интензивно користење, а крајот на денот го завршува со 15%. Покрај тоа, постои опција за брзо полнење.

2. „Samsung Galaxy S7 Edge“

batsmart 05

Другиот вид на последниот модел на „Samsung“ – со заоблени краеви, исто така има исклучително издржлива батерија. Таа е со капацитет од 3.600 mAh. Благодарение на неа смартфонот издржува 10 часа визуелизација на видео содржини. И тука има опција за брзо полнење.

1. „Motorola Droid Turbo 2“

batsmart 06

Овој модел, кој го зазема првото место на листата, е со моќност од 3.760 mAh што овозможува 48 часа „мешана употреба“ на уредот. Ова е најтрајната батерија која ја користи еден смартфон. Се одликува со опција за брзо полнење, што е императив во предвид на долгиот период потребен за полнење на батерија со сличен капацитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП