26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБошко Ѓуровски по една недела го напушти Сервет

Бошко Ѓуровски по една недела го напушти Сервет

gjurovski

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, поднел оставка на функцијата тим менаџер во Сервет, потврди швајцарскиот клуб на својата официјална интернет страница (www.servettefc.ch).

Како што се наведува, Ѓуровски решил да ја напушти функцијата поради семејни причини. Инаку, тој само една недела беше тим менаџер во Сервет, бидејќи договорот го потпиша на 29.јануари.

Бошко Ѓуровски е легенда на Сервет, како играч шест години го носеше дресот на овој клуб, со кој во 1994 година ја освои шампионската титула, а истиот успех го повтори пет години подоцна, кога како тренер го предводеше тимот до титулата во швајцарското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП