27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го проширува својот удел на европскиот пазар

Газпром го проширува својот удел на европскиот пазар

Gazprom 2222

Во 2015-та година уделот на Газпром на европскиот пазар на гас се зголемува до највисокото ниво од една деценија, наведува руската новинска агенција ТАСС. Гасниот гигант држи удел од 31%, покажуваат пресметките.

Уште на почетокот на годината од Газпром соопштија за раст на извозот на природен гас во голем број европски држави. Рекордни се количините извезени во Германија – вкупно 45,3 милијарди кубни метри, што претставува зголемување од 17,1%.

Со 36,8% пак се зголемува снабдувањето со природен гас за Италија. Во основата на тоа стои намалениот принос на природен гас на Стариот континент, коментираат од руската компанија.

Просечната цена на рускиот природен гас во Европа во 2015 година е 243,45 долари за 1.000 кубни метри.

Развојот на компанијата и нејзините инвестициски планови до 2020-та година, во комбинација со намалувањето на трошоците, како и можностите за зголемување на присуството на светскиот пазар, ќе бидат разгледани за време на состанокот на Советот на директори на Газпром.

Средбата е закажана за 16-ти февруари 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП