27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото Audi A5 доаѓа догодина

Новото Audi A5 доаѓа догодина

petkica 35

Новата генерација на купето „Audi A5“ ќе се појави на пазарот во 2017-та година пишува весникот „Autocar“ кој објави информации за моделот.

Се очекува автомобилот да биде зголемен во димензиите, најмногу во должина, во споредба со својот претходник. Ова ќе се одрази позитивно на просторот во кабината. Во исто време „A5“ ќе ја користи шасијата на новото „A4“, што ќе му овозможи да намали околу 100 килограми од тежината.

Палетата мотори исто така ќе биде позајмена од седанот „Audi A4“. Тоа значи дека под хаубата на „A5“ ќе бидат поставени бензински и дизел мотори со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри. Топ модификациите на возилото ќе добијат и 6-цилиндрични турбо мотори.

Ќе се нуди и верзија „RS“, која ќе треба да се натпреварува со „Mercedes-AMG C63“ и „BMW M4“. Оваа модификација на „A5“ ќе добие турбо мотор, чија моќност ќе биде околу 500 КС.

Премиерата на моделот ќе се одржи најверојатно на еден од првите големи саеми во почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП