26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе треба да плати 625 милиони долари поради нарушени патенти

Apple ќе треба да плати 625 милиони долари поради нарушени патенти

apple brand

Федералниот суд во Тексас донесе одлука „Apple“ да плати вкупно 625 милиони долари на компанијата „VirnetX“ поради нарушените патенти, пишува списанието „Fortune“. Според судот, „Apple“ ги прекршила патентите преку услугата за видео повик „FaceTeim“ и патентите за дополнително обезбедување на „VPN“.

Компанијата „VirnetX“ не произведува и не развива ништо. Таа откупува патенти и потоа ги продава лиценците за нивно користење или суди други компании, за кои смета дека ги кршат нејзините патенти. Слични компании се наречени од бизнисот „патентни тролови“.

„Apple“ ќе треба да плати 335 милиони долари за „VPN“ патентите и уште 290 милиони долари за патентите кои се нарушени од „FaceTime“. Ова е второ дело меѓу двете компании. Првото беше во 2012-та година, а тогаш „Apple“ беше осудена да плати 368.2 милиони долари само за „VPN“ патентите, но компанијата поднесе жалба. Апелациониот суд одлучи дека случајот треба да почне одново. Во текот на новиот процес беше одлучено дека „Apple“ ги нарушува и патенти преку „FaceTime“.

„Apple“ објави дека е разочарана од одлуката на судот и ќе поднесе жалба.

„И четирите патенти на „VirnetX“ се прогласени за неважечки од патентно биро. Дела како тоа едноставно ја зацврстува сериозната потреба од реформи во патентно право“, се вели во коментарот на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП