1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија – кошмар за странски банки

Унгарија – кошмар за странски банки

ungarija2

Четвртата најголема италијанска банка „Banco Popolare“ денес соопшти дека потигнала договор за продажба на својата унгарска филијала за пола милион евра.

Италијанската компанија jа создаде својата унгарска филијала во 2007 година, а тој пазар го напушта како прва италијанска банка. „Banco Popolare“ во соопштението наведе дека продажбата на нејзината унгарска филијала нема да влијае на нејзините финансиски резултати.

Најголемата италијанска комерцијална банка „Intesa Sanpaolo“ минатиот месец најави дека ќе го намали своето присуство во Унгарија, бидејќи загубите на тој пазар во последниот квартал од минатата година започнале да го надминуваат дозволеното. „Intesa Sanpaolo“ ситуацијата во Унгарија ја нарече „ноќна мора“ за банкарството.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец изјави дека земјата има премногу странски банки. Владата, според него, ќе изгради систем на државно банкарство со цел да ја подобри достапноста на кредити. Основа на тој систем би требало да биде мрежата од штедилници, чиј сопственик стана унгарската држава, која минатата година откупи дел од банката „Takarekbank“.

Најавата за изградба на систем на банкарство под државна контрола претставува најнова иницијатива на унгарската влада, која во последните три години ги вознемири инвеститорите и меѓународните институции.

Помеѓу останатите критикувани чекори, се наоѓа и најголемиот банкарски данок во Европа и вонредното оданочување на енергетските, малопродажните и телекомуникациските компании во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП