27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Американската економија во балон кој пука“

„Американската економија во балон кој пука“

Amerika1

Американската економија се наоѓа во „балон“ надуен со „лажни пари“ од Банката на федерални резерви (ФЕД), кој би можел наскоро да пукне, предупредуваат економистите.

Дејвид Стокман, кој беше директор за федералниот буџет во времето на претседателот Роналд Реган, изјави дека политиката на квантитативно олабавување која ја спроведуваше ФЕД по кредитната криза, ја преплави берзата со пари, иако реалната економија и понатака е слаба. Комбинацијата на овие два фактора, според Стокман, не е одржлива.

Стокман, поранешен конгресмен од Мичиген и автор на книгата „Големата деформација: Корупцијата и капитализмот во Америка“, наведува дека, еднаш кога балонот ќе пукне, нема да постои нова можност за помош, како онаа што ја примија банките во 2008 година.

„Наместо тоа, Америка ќе навлезе во ерата на штедењето и острите политички конфликти, уништувајќи го веќе слабиот економски раст“, наведува Стокман во својата книга.

ФЕД, на чело со Бен Бернанкијем, секој месец купува средства вредни 85 милијарди долари. Основната каматна стапка на централната банка е околу нулата, во обид невработеноста да се намали под 6,5 проценти, а инфлацијата да се задржи под 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП