26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе им е простено: Банките беа фер

Се им е простено: Банките беа фер

bank1

Окружниот суд во Њујорк гo отфрли поголемиот дел од тужбите против група од банки за манипулирање со меѓубанкарската каматна стапка Либор.

Се работи за низа тужби кои, поради манипулација со Либор, ги поднесоа приватните субјекти против големите финансиски институции, како што се „Bank of America“, „JP Morgan Chase“, „Sity Group“, „Barclays“, „Royal Bank of Scotland“, „Credit Swiss“ и  „Deutsche Bank“.

Судијката Наоми Рис Бувалд им излезе во пресрет на барањата на банките и ги отфрли тужбите за кршење на федералниот антиминополски закон, и делумно ги отфрли тужбите за манипулации на пазарите за стока. Како причина за таквата одлука наведено е непочитувањето на процедурата и другите правила за кои поднеле пријава приватните лица.

Бувалд, според агнецијата „Reuters“, рекла дека нејзината одлука можеби ќе изгледа неочекувано со оглед на тоа дека неколку обвинети банки веќе се договориле со владиниоте служби околу плаќањето на високите казни. Таа додаде дека, за разлика од државните институции, приватните тужби мораат да исполнуваат низа на други барања, а нив ги исполниле само некои од нив.

Британските банки „Barclays“ и „Royal Bank of Scotland“, како и швајцарската банка „UBS“, минатата година постигнале договор со американските и британските регулаторни институции за плаќање на високите казни поради скандалот со Либор. Најголема сума, 1,5 милијарди долари, се согласи да плати „UBS“.

Еден од клучните инструменти на светскиот финансиски пазар, Либор, се користи за одредување на цените на кредитите, хипотеките, хартиите од вредност, финансиските производи и договорите. Висината на Либор ја одредува Британската банкарска асоцијација на основа на податоците кои и ги доставуваат банките членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП