2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзградбата на термоцентралата „Ново Косово“ почнува на почетокот од следната година

Изградбата на термоцентралата „Ново Косово“ почнува на почетокот од следната година

termocentrala-kosovo

Во текот на овој месец ќе биде објавен тендер за изградба на термоцентралата „Ново Косово“, додека до крајот на годинава ќе биде избрана победничката компанија, соопштија владини претставници.

Леонита Шабани, политички советник во косовското Министерство за економски развој, изјавила дека доколку се оди според агендата на Владата, во 2014 година ќе почне изградбата на проектот ТЕ „Ново Косово“, јави дописникот на МИА.

Со реализација на овој проект се очекува да се стабилизира енергетската ситуација во Косово. – Доколку оди се според процедурите кои се предвидени со овој проект, се очекува до крајот на декември, односно до крајот на годинава да се избере победникот на тендерот, додека веднаш на почетокот на 2014 гдина, да почне процесот на изградба на ТЕ „Ново Косово“, изјавила Шабани.

Одлуката за изградба на термоцентралата донесена е пред осум години, веднаш по формирањето на тогашното Министерство за енергија и рударство, проект кој тогаш беше наречен ТЕ „Косово Ц“.

Проектот се влече од година во година а последните години секогаш се најавуваше почеток на реализација на проектот, но такво нешто не се реализира во практика, а неколку меѓународни конзорциуми се повлекоа од тендерскиот процес. Во моментот во игра се два големи меѓународни конзорциума, еден од САД и еден од Турција. Проектот претрпе неколку измени, одвојувајќи ја ТЕ „Косово Б“ од тендерскиот пакет на проектот „Ново Косово“. Според овој пакет ТЕ „Ново Косово“ ќе има капацитет од 600 мегавати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП