30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерките за штедење лоши по ЕУ

Мерките за штедење лоши по ЕУ

eu2

Политиката со мерките за штедење во Европа само ја продлабочи кризата, рекоа социјалдемократските претставници во Европскиот парламент во Брисел.

Претставници на групите на социјалистите и демократите во Европскиот парламент оценија дека политиката со мерките за штедење довела до популистички антиевропски движења, пренесуваат белгиските електронски медиуми.

„Убедени сме дека Европа мора да пронајде алтернативна политика за намалување на јавната потрошувачка која ќе биде помалку болна, пореална и поприфатлива за народот“, изјави во Брисел претседателот на парламентарната група на социјалдемократите во Европскиот парламент Ханс Свобода, кој пред се се пожали на стратегијата за раст и инвестиции.

Францускиот министер за економија Пјер Московиси кој присуствуваше на собранието во Брисел, оцени дека приоритет е оживувањето на економскиот раст до крајот на 2013 и почетокот на 2014 година.

„Економскиот раст треба да стане поголема преокупација отколку буџетската консолидација“, изјави Московиси.

„Задолжувањето е непријател на економијата, но и левицата. Поради високите каматни стапки, државата може да биде спречена да ја финансира политиката за солидарниот, здравствениот и образовниот систем. Раздолжувањето е фактор за конкурентност“, додаде францускиот министер.

Московиси оцени дека е време Европа да даде резултати, да стане решение а не проблем.

„Европа мора да пружи надеж, а не да биде машина која одбива се од себе“, заклучи Московиси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП