30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Credit Agricole“ заработи повеќе од очекуваното на крајот на годината

„Credit Agricole“ заработи повеќе од очекуваното на крајот на годината

Втората по големина француска банка „Credit Agricole“ на крајот на годината имаше подобри резултати од очекуваното.

За четвртиот квартал банката забележа нето добивка од 1,56 милијарди евра, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период лани. Аналитичарите очекуваа 1,14 милијарди евра, пренесува „Reuters“.

Приходите пораснаа на 5,97 милијарди евра во споредба со 5,82 милијарди евра една година порано. Според кредиторот, растот се должи на сите деловни поделби. Соодносот „CET 1“ на основната главнина на банката и активата пондерирана според ризикот, мерка за нејзината солвентност, се зголеми на 11,2% од 11% на крајот на септември.

Како и неговите француски ривали, „Credit Agricole“ имаше корист од нестабилните пазари, кои ги зголемија приходите од тргување. Извршниот директор на Групацијата Ксавиер Муска верува дека неговата институција е добро подготвена.

„Кога пазарите се во пораст, ние тежнееме да ги поништиме ривалите како „BNP“ и „Société Générale“. Кога ситуацијата е потешка, добиваме постабилен резултат“, објаснува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП