30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ во јануари претставува целосно нов модел

„Volkswagen“ во јануари претставува целосно нов модел

„Volkswagen“ најави дека на почетокот на годината на претстојниот „CES“ во Лас Вегас ќе претстави нов модел, иако „камуфлиран“.

Исто така, германскиот производител вети дека ќе го открие името на новиот модел. Засега знаеме само дека се работи за електричен автомобил од семејството „ID“, а претпоставките од кругови блиски до „Volkswagen“ велат дека тоа е концептот „ID. Aero“, кој може да стане сериски „ID.7“.

За потсетување, истоимениот концепт беше претставен во јуни како најава за првиот глобален електричен модел на марката.

Граден е на механичката платформа „MEB“ со добро познатата погонска група која се состои од батерија од 77 kWh и две погонски опции – со еден електромотор и 201 ks и со два со вкупна моќност од 299 ks.

Послабата варијанта треба да има домет поголем од 600 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП