30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд со 25 нови модели „атакува“ на европскиот пазар

Форд со 25 нови модели „атакува“ на европскиот пазар

Ford-EcoSport-1

Компанијата Форд за европскиот пазар подготвува иста тактика, како таа што ја спроведе во САД од 2008-та до 2009-та. Па така се очекува во наредните пет години да бидат лансирани 25 нови модели кои ќе им бидат понудени на купувачите на „стариот континент“.

Претседателот на европската филијала на Форд, Стивен Одел изјави дека првичната листа од 15 нови модели е дополнета со нови 10, а станува збор за сосема нови модели и нови генерации на веќе постоечките. Меѓутоа во оваа изјава не беше споменато ниту едно име.

Ford-EcoSport-2

Како што истакнува шефицата на развојниот сектор на европскиот Форд, Барб Самарџиќ, тие сакаат да се најдат во што е можно подобра позиција на европскиот пазар, кога тој ќе се подобри од влијанието од економската криза.

Станува збор за многу амбициозен план, а Самарџиќ изјави дека за дополнителна помош во неговото спроведување ќе има и „One Ford“, глобална стратегија на компанијата заснована на заедничките платформи и мотори.

Ford-EcoSport-3

Како пример е даден „EcoSport“ компактниот кросовер (на фотографиите) кој е направен во Индија, а за кој беа потребни 18 месеци да биде понуден во Европа. „EcoSport“ ќе се произведува во Русија, а во салоните ширум континентот ќе пристигне до крајот на годината.

Од Форд исто така потврдија дека имаат во план до 2015-та година да остварат профит во Европа, а покрај новите модели за ова треба да помогне и намалувањето на производните капацитети за 18 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП