30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nokian Tyres“ ќе инвестира 650 милиони евра во фабрика за гуми

„Nokian Tyres“ ќе инвестира 650 милиони евра во фабрика за гуми

Финската компанија „Nokian Tires“ во вторникот објави дека ќе инвестира 650 милиони евра во изградба на нова фабрика за автомобилски гуми во Романија.

Новата фабрика ќе биде лоцирана во Орадеа во северозападна Романија, блиску до унгарската граница.

Производителот на гуми, кој претходно произведуваше 80 отсто од своите гуми за патнички автомобили во Русија, бара нов производствен капацитет откако одлучи да се повлече од Русија како одговор на инвазијата на Москва на Украина.

Новата фабрика ќе има капацитет за производство на 6 милиони гуми годишно со можност за проширување во иднина, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата. Се очекува првите гуми да бидат произведени во втората половина на 2024-та година, а комерцијалното производство треба да започне на почетокот на 2025-та година, се вели во соопштението на компанијата.

„Nokian“, која исто така има погони во Финска и САД, рече дека фабриката ќе биде првата во секторот која ќе има нула емисии на јаглерод диоксид.

„Можеме да користиме зелена енергија произведена во близина на локацијата“, посочува Адријан Качмарчик, виш потпретседател за снабдување.

Во романската фабрика се очекува да работат околу 500 луѓе. Ќе се концентрира на производство на гуми со поголема големина на бандажи, кои ќе се продаваат главно на централноевропскиот пазар.

„Централна Европа е важен пазар за нас и инвестицијата ја покажува нашата посветеност на пазарот. Новата локација ќе биде стратешки лоцирана блиску до нашите клиенти. По темелна евалуација на над 40 локации и неколку фактори како што се достапноста на квалификувана работна сила, логистичка предностите и стабилното деловно опкружување, стана јасно дека Орадеа е најдобриот избор за нашата нова фабрика“, коментира Качмарчик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП