30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ „Ferrari“ има коњ за „SUV“ трката: Пристигна „Purosangue“ (ФОТО/ВИДЕО)

И „Ferrari“ има коњ за „SUV“ трката: Пристигна „Purosangue“ (ФОТО/ВИДЕО)

По долги години чекање, конечно ја видовме премиерата на „Ferrari Purosanguе“, модел со два реда седишта, два пара врати и зголемено растојание од подлогата. Откако речиси сите конкуренти се потрудија да понудат суперпрестижни „SUV“ модели, адекватен одговор дојде од Маранело.

Очекувано, „Ferrari“ не загризал премногу во „SUV“-манијата, туку го замислил својот подигнат модел повеќе како тркачки „GT“ кој прво се „растегнал“ за дополнителен пар врати, а потоа го подигнал.

Некои ќе речат дека ова е еволуција на дизајнот е замислен од моделот „Roma“.

За разлика од „Lamborghini Urus“, овде задните врати се отвораат во спротивна насока, под агол од 79 степени, што го прави „Purosangue“ попривлечен, но и попрактичен бидејќи патниците кои седат позади ќе можат полесно да седнат на своите седишта.

Она што радува е бескомпромисно возење. Некои најавија шест цилиндри, но на крајот беше избран атмосферски V12 за погон.

Тој произведува 725 ks и 716 Nm максимален вртежен момент, па благодарение на погонот на четири тркала автомобилот до 100 km/h стигнува за 3,3 секунди, до 200 km/h достигнува за 10,6 секунди и не запира до максималните 312 km/h, што е најдобар резултат во овој сегмент.

Да напоменеме и дека моторот врти до 8.250 вртежи во минута, а одличните возни карактеристики се обезбедени со речиси идеална распределба на масата (49:51).

„Purosangue“ не е првото „Ferrari“ со погон на сите тркала, но е прво со контрола на спуштање по рид и прво со активен систем против превртување.

Производителот истакнува дека автомобилот може да се подигне до максимум 183 mm од подлогата, а суспензијата го користи системот „FAST“ (Ferrari Active Suspension Technology).

Како што веќе беше истакнато, ова „Ferrari“ има втор ред седишта, односно во задниот дел можат да се сместат уште двајца патници. Што се однесува до функционалноста, тој исто така има багажник до 473 литри, што го прави најпрактичното „Ferrari“ во 75-годишната историја на марката.

И уште нешто – за разлика од конкуренцијата, „Ferrari“ не ја ископира внатрешноста од другите модели во гамата, туку дизајнираше сосема нов стил.

Во кабината нема централен екран, но затоа и возачот и совозачот имаат по еден пред себе.

Во внатрешноста не недостасува простор, бидејќи овој автомобил е во должина нешто помалку од пет метри, додека ширината е над два метри (4.973/2.028/1.589 mm).

Цената сѐ уште не е официјално објавена, но некои италијански медиуми споменуваат почетна цена од 400.000 евра. Во „Ferrari“, на прашањето за цената, само велат „тоа е сепак V12 Ferrari“.

Сметаат дека таа не е важна, а камоли одлучувачка информација за потенцијалните клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП