30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ значително го намалува производството на телефони?

„Samsung“ значително го намалува производството на телефони?

Во текот на минатата година, производителите на паметни телефони најмногу бележат пораст на бројот на продажба на телефони, што беше очекувано, бидејќи пазарот беше во процес на закрепнување од коронавирусот. Се чини дека и на тој процес му дојде крајот, а за него се подготвуваат големите технолошки гиганти како „Samsung“…

Финансиските експерти ширум светот предвидуваат глобална рецесија, а пазарот на паметни телефони веќе почна да се подготвува за економски пад. Се чини дека „Samsung“ прв го направи тоа, бидејќи оваа компанија наводно го намалила производството на паметни телефони и веќе бележи пад во продажбата на телефони.

Иако „Samsung“ тврди дека очекува продажбата на паметни телефони да остане на исто ниво како во првата половина од оваа година, се чини дека на терен работите се одвиваат поинаку.

„Reuters“ пренесува ексклузивен извештај во кој се тврди дека „Samsung“ го прекина производството на своите паметни телефони во фабриката „Thai Nguyen“. Оваа фабрика произведува околу 100 милиони паметни телефони секоја година.

Наводно, работниците на „Samsung“ тврдат дека некои производни линии во фабриката работат само три дена во неделата во споредба со претходните шест дена. Од друга страна, некои погони наводно работат четири дена во неделата. Сепак, „Reuters“ не знае дали „Samsung“ преместува дел од своето производство надвор од Виетнам, што е малку веројатно.

Речиси сите фабрички работници во Виетнам, интервјуирани од „Reuters“, тврдат дека работата во фабриката не оди добро. Минатата година ова време производството на паметни телефони „Galaxy“ во оваа фабрика беше на својот врв, но сега работите се поинакви. Некои работници дури изјавија дека никогаш не виделе толку ниска стапка на производство на паметни телефони. Може да има и отпуштања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП