30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ лани нема платено никакви даноци во Европа

„Amazon“ лани нема платено никакви даноци во Европа

Основниот малопродажен бизнис на „Amazon“ во Европа пријави загуба од 206 евра во 2021-ва година, што и овозможи на компанијата да не плаќа даноци и да добие 1 милијарда долари даночни кредити, покажуваат корпоративните документи прегледани од „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Луксембург објави 51,3 милијарди евра приходи од продажба во минатата година, што е за 17% повеќе од 43,8 милијарди евра во 2020-та година. Единицата наречена „Amazon EU Sarl“, вклучува приходи генерирани од онлајн трговија во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Полска, Шведска и Холандија.

„Amazon“ е под лупа од европските регулатори за нејзините даночни договори. Компанијата со седиште во Сиетл доби даночна жалба од 250 милиони евра, откако регулаторите рекоа дека нејзините договори од 2003-та година со Луксембург претставуваат незаконска државна помош. Минатата година Европската комисија поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија.

Портпаролот на „Amazon“ рече дека компанијата се оданочува во сите нејзини европски филијали и дека приходите, добивката и даноците се евидентирани и директно пријавени на локалните даночни власти во предметните земји.

Документите даваат редок регионален преглед на финансиите на „Amazon“. Во 2021-ва година, групата објави глобален профит од 33,36 милијарди долари, во споредба со 21,3 милијарди долари од претходната година. Сепак, компанијата не ги разложува приходите и профитот од онлајн трговијата во секоја земја во своите финансиски извештаи.

„Низ Европа плаќаме корпоративен данок од стотици милиони евра. Во документите се наведува дека нето даночното олеснување од 1 милијарда долари „главно се должи на употребата на пренесената нето загуба во согласност со системот за даночна консолидација“, рече портпаролот на „Amazon“.

Од 2013-та година, иследниците на ЕК за државна помош се обидуваат да ги откријат најпроблематичните примери на инаку легитимните индивидуални даночни договори – или даночни одлуки донесени од компании.

„Amazon“, чие европско седиште е во Луксембург, имаше 6.899 вработени на крајот на минатата година, се вели во документот. Единицата пријави 37 милијарди евра „суровини и потрошен материјал“ и 15 милијарди евра „надворешни трошоци“, што доведе до годишна загуба.

„Инвестираме многу во создавање работни места и инфраструктура во Европа – над 100 милијарди евра од 2010-та година“, рече портпаролот на „Amazon“.

„Корпоративниот данок се заснова на профит, а не на приход, а минатата година „Amazon EU Sarl“ генерираше загуба откако отвори повеќе од 50 нови локации во Европа и отвори повеќе од 65.000 добро платени работни места, со што нашата вкупна европска работна сила ќе достигне над 200.000 луѓе“, додаде портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП