30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ продаде 1 милион електрифицирани автомобили

„BMW“ продаде 1 милион електрифицирани автомобили

Германскиот производител „BMW“ слави уште еден важен настан во својата историја – испораката на својот милионити електрифициран автомобил на својот клиент.

Клучевите за кросоверот „BMW iX xDrive40“ му ги предаде лично на купувачот Петер Нота, член на одборот на директори на „BMW AG“, кој е одговорен за услуги на клиентите, брендови и продажба.

Во чест на јубилејот, баварскиот производител додаде мал бонус на автомобилот – полнач „BMW Wallbox“ и кредити за полнење на станиците за полнење „BMW“ низ Европа.

Во моментов, електричната гама на „BMW Group“ вклучува пет модели – хечбекот „i3“, лифтбекот „i4“, кросоверите „iX3“ и „iX“ и „MINI Cooper SE“.

За да ја удвои продажбата на електрични автомобили, следната година компанијата ќе ги лансира седанот „i7“ и електричната верзија „X1“. Во 2023-ра година ќе излезе серијата „5“, а потоа електричниот „MINI Countryman“ и „Rolls-Royce Spectre“ (прв таков автомобил на британската марка).

Плановите на производителот предвидуваат дека до 2030-та година секоја второ продадено „BMW“ ќе биде електрично. Ова ќе биде благодарение и на таканаречените автомобили „New Klasse“, кои користат флексибилна архитектура оптимизирана за електричен погон и водородни горивни ќелии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП