30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Бебето“ на „Tesla“ е подготвено да излезе на пат

„Бебето“ на „Tesla“ е подготвено да излезе на пат

Првите прототипови на најевтиниот електричен автомобил на „Tesla“, кој најверојатно ќе се вика „Model 2“, ќе започнат со целосно тестирање до крајот на годината. Досега се зборуваше дека компактниот хечбек ќе излезе во 2023-та година, но според последните информации, неговото деби ќе биде порано.

Информациите од Кина покажуваат дека најевтиниот „Tesla“ сега е целосно подготвен, а добавувачите на компоненти и опрема веќе се предупредени да се подготват за почеток на сериско производство на крајот на 2021-ва година. Компактниот модел е одобрен од Илон Маск, а неговата цена сега е позната – 25.000 долари.

Оваа вредност ќе се постигне со намалување на трошоците за производство, бидејќи новиот електричен автомобил ќе ги користи повеќето од компонентите на „Model 3“. Новите генерации батерии ќе ја намалат цената под 100 долари за kWh, додека ќе ја зголемат километражата за 16%. Проценките за „Model 2“ (името сѐ уште не е потврдено) се 400км автономија при користење на батерија со капацитет од 50 kW/h.

Интересно е што цената од 25.000 долари ќе се однесува на САД и Кина, каде што сегашниот најевтин електричен автомобил на Тесла, „Model 3“, чини 35.000 долари. Во Европа, „Бејби Тесла“, како што некои веќе го нарекуваат компактниот електричен автомобил, ќе биде поскап – околу 30.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП