30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ патентираше телефон со селфи камера под екранот

„Huawei“ патентираше телефон со селфи камера под екранот

„ZTE“ во моментов е единствената компанија што комерцијално продава телефони со селфи камери лоцирани под дисплејот, а компанијата веќе се подготвува наскоро да ја објави втората генерација на овие уреди.

„Samsung Galaxy Fold3“ исто така се очекува да ја имплементира оваа технологија, „Oppo“ работи и на нејзино решение и се чини дека „Huawei“ ќе им се придружи.

Ова е сугерирано од патентот, кој беше откриен во документацијата „China National Intellectual Property Administration“ (CNIPA) и укажува телефон со камера под дисплејот. Официјалната документација исто така нуди илустрации на технологијата, врз основа на која страницата „LetsGoDigital“ ги создаде телефонските рендери.

Фотографиите сугерираат дека телефонот веројатно ќе биде дел од средниот сегмент, иако скиците од патентите не секогаш ги одразуваат целосно претстојните производи. Ако телефонот од патентот некогаш се појави комерцијално, тој би можело да биде сосема поинаков.

Телефонот има систем со три камери на задната страна, а видлива е поддршка за 3,5 милиметарски приклучок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП