30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеф Безос е побогат од кога било

Џеф Безос е побогат од кога било

Само неколку дена откако Џеф Безос поднесе оставка од функцијата извршен директор на компанијата што ја основа, неговото богатство достигна рекордно високо ниво.

Ден претходно, според податоците на „Bloomberg“, неговото богатство достигна 211 милијарда долари, но вчера тоа продолжи да се зголемува откако акциите на „Amazon“ достигнаа ново рекордно високо ниво.

Ова доаѓа само неколку дена откако Министерството за одбрана на САД откри дека го раскинува договорот вреден 10 милијарди долари за обезбедување облачни услуги, што стана предмет на правен спор во кој беа вклучени „Amazon“ и „Microsoft“.

Сепак, Пентагон објави дека ќе започне постапка за избор на нов провајдер на облачни услуги, што ги поскапи акциите на „Amazon“.

57-годишниот милијардер ја основал својата компанија пред 27 години од својата гаража. Денес Безос поседува 212 милијарди долари, според „Bloomberg“, и 211 милијарди долари според „Forebes“.

Неговото богатство е зголемено за 21,9 милијарди долари од почетокот на годинава.

Безос планира да лета во вселената со својот брат со помош на неговата компанија „Blue Origin“ на 20-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП