30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајпознатиот аналитичар на Apple објави податоци за моделите на iPhone кои ќе...

Најпознатиот аналитичар на Apple објави податоци за моделите на iPhone кои ќе бидат презентирани следната година

Иако Apple сè уште не го претстави iPhone 13, на мрежата веќе кружат гласини за моделите од серијата iPhone 14

Една од новините за најновата генерација на iPhone која беше претставена во октомври минатата година беше моделот мини. Веројатно импресиониран од големата побарувачка за моделот SE, кој доаѓа со помал екран (но и со стар дизајн и многу пониска цена), тимот на Apple реши да претстави нова генерација на iPhone 12 со дијагонала на екранот од „само“ 5,4 инчи. Но, се покажа дека во 2021 година, корисниците не се премногу заинтересирани за такви модели со мали екрани, односно не ги интересира цената од 700 долари.

За оваа година, се чини, плановите за овој модел нема да се променат, и во септември може да очекуваме, меѓу другото, и iPhone 13 mini, но ако му веруваме на славниот аналитичар Минг-Чи Куо, тоа ќе биде втора и последна генерација на мини. Иако сè уште не сме стигнале до средината на 2021 година, тој веќе ги објави своите предвидувања за телефоните на „Apple“ што ги очекуваме во септември 2022 година.

Тим Кук и тимот треба исто така да претстават четири модели, два стандардни и два модела од серијата „Pro“ со дијагонали на екранот од 6,1 и 6,7 инчи, кои дијагонали на екранот се достапни и на моделите iPhone 12 Pro. За моделите кои ќе ги претстави следната година, Apple, според Куо, планира и поголеми подобрувања на камерата. Резолуцијата на главната камера треба да биде дури 48 MP – што е сè уште помала во споредба со врвните модели на Android чијашто резолуција на главната камера е често поголема од 100 MP, но треба да се потсетиме дека бројот на мегапиксели не е клучен за квелитетот на фотографијата.

Новите камери, посочува аналитичарот, би можеле да бидат посоодветни за проширена реалност, за која Apple е убеден дека ќе стане една од најважните технологии во иднина, барем на мобилните уреди. Исто така, камерите треба да имаат поддршка за 8K.

Во својот редовен извештај до инвеститорите, Куо се осврна и на моделите кои можеме да ги очекуваме во 2023 година и подоцна и вели дека спомнува нов вид на телефото камера, додека предната камера и сензорот за Face ID може да се наоѓаат под екранот, што веројатно значи дека и крај за ноч. Тој исто така ја споменува можноста за TouchID лоциран под екранот, но и целосно безжичен iPhone кој нема да има физички приклучоци, или воопшто нема да има можност за поврзување со кабел, и ќе се полни исклучиво безжично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП