30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ ја претстави серијата „Nova 8“, пристигнуваат два модели (ВИДЕО)

„Huawei“ ја претстави серијата „Nova 8“, пристигнуваат два модели (ВИДЕО)

„Huawei“ официјално ги претстави телефоните од серијата „Nova 8“ за пазарот во Кина. Двата нови уреди вклучуваат стандарден „Nova 8“ и малку помоќен модел „Nova 8 Pro“.

Стандардниот „Huawei Nova 8“ користи заоблен дисплеј од 6,57 инчи FHD + OLED, со стапка на освежување од 90Hz и поддршка за 10-битни бои. Помоќниот модел „Nova 8 Pro“ користи 6,72-инчен OLED екран, со брзина на освежување од 120Hz.

„Huawei Nova 8“ и „Nova 8 Pro“ имаат ист чипсет „Kirin 985“, и бидејќи е 5G компатибилен чип, новите телефони имаат поддршка и за самостојни (SA) и за нестандардни (NSA) режими на 5G. Покрај тоа, достапни се и до 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање.

За фотографирање, двата телефони поддржуваат сличен систем со четири камери, кој се состои од 64MP главен сензор, 8MP телефото, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Сензорот од 32MP на „Nova 8“ е задолжен за селфи, додека „Nova 8 Pro“ користи две камери напред: главна 32MP и портрет од 16MP.

„Nova 8“ е опремен со батерија од 3800mAh, додека „Pro“ моделот има батерија од 4000mAh. Двата телефони имаат поддршка за опцијата за брзо полнење „Huawei SuperCharge 66W“. Најновиот „EMUI 11“, базиран на „Android 10“, е задолжен за софтверот.

Кога станува збор за цената, „Huawei Nova 8“ чини околу 505 американски долари за моделот 8 GB + 128 GB и околу 566 долари за моделот 8GB + 256 GB. „Huawei Nova 8 Pro“ е со цена од околу 612 американски долари за верзијата 8 GB + 128 GB и околу 673 долари за варијантата 8GB + 256 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП