30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: „Ferrari SF90 Spider“ (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера: „Ferrari SF90 Spider“ (ФОТО/ВИДЕО)

Италијанскиот производител официјално ја претстави кабриолет верзијата на моделот „SF90 Stradale“.

Првиот „plug-in“ хибрид на „Ferrari“ со отворен покрив го дели погонскиот систем со купе верзијата.

Тоа значи дека под хаубата на моделот „SF90 Spider“ се крие електрифициран погон со вкупна комбинирана моќ од дури 1.000 KS, додека максималниот вртежен изнесува 900 Nm.

Вака моќниот систем е добиен од комбинација на твин-турбо „V8“ моторот од 780 „коња“ и три електромотори кои заедно допринесуваат за уште 220 KS.

„Ferrari SF90 Spider“ има погон на сите четири тркала, а за преносот на моќта е употребен 8-степен автоматски менувач со двојно квачило.

Италијанскиот производител наведува дека „Spider“ забрзува до „стотка“ како и „Stradale“, што значи дека автомобилот до оваа брзина стигнува за само 2,5 секунди, додека стрелката на брзинометарот се искачува на 200 за само 7 секунди!

Максималната брзина на овој модел е 340 km/h.

Во однос на купе верзијата, кабриолетот е потежок за 100 kg поради зајакнувањето на конструкцијата и механизмот за подвижниот покрив, па така масата на возилото е 1.670 kg.

Операцијата за супшатање/подигнување на покривот трае 14 секунди.

Цената и датумот на започнувањето на продажбата на „Ferrari SF90 Spider“ ќе бидат дополнително соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП