Редок примерок на „Ferrari 340/375 MM Berlinetta Competizione“ кој далечната 1953-та година учествуваше на трката Ле Ман е продаден за фантастични 9.2 милиони евра.
Автомобилот е продаден на аукција која ја организираше аукциската куќа „RM Auctions“, а друштво му правеа и „288 GTO“, „F40“, „F50“, „Enzo“ и „599XX“ кои неуспеаа да го засенат шест децении стариот тркачки модел.
Најголемите оптимисти пред аукцијата очекуваа дека автомобилот нема да го премине износот од 5 милиони евра, но во навистина интересното наддавање „победата“ ја однесе неименува Британец кој е страствен љубител на италијанскиот бренд, а кој во својата колекција го има и легендарниот „250 GTO“.
Ова возило го придивжува 4.5-литарски V12 мотор со 340 KS во комбинација со четиристепен мануелен менувач. За стислкиот изглед на екстериерот била задолжена познатата дизајнерска куќа „Pininfarina“.
Инаку станува збор за еден од трите направени тркачки модели „375 MM“ кои во 1953-та година беа дел од Ле ман, а истата година учествувале и на натпреварите за издржливост во Белгија, Италија и Мексико.
Моделот кој беше продаден на аукција на трката го носел бројот 14, а со него тогаш управувале Мајк Хоторн и Нино Фарина. По 12 кругови тие биле на второто место, но тогаш биле дисквалификувани поради тоа што ставиле масло за кочниците при застанувањето во пит-стопот (забраната била до 28-миот круг).
Таа година автомобилот беше продаден на компанијата „Luigi Chinetti Motors“, а потоа беше извезен во САД. Оттогаш ова возило неколку пати ги менуваше сопствениците, а последниот пат тоа се случи во 2006-та година.