18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Денвер ја прекина негативната серија

НБА: Денвер ја прекина негативната серија

Kyle Lowry; Randy Foye

Денвер ја прекина серијата од осум порази, Орландо ја забележа петтата победа во низа, Портланд стави крај на серијата на Индијана од шест победи, додека Сан Антонио го декласира Мемфис во дербито, во НБА лигата.

Екипата на Денвер, во Торонто, победи прв пат по 17-ти ноември. Искусните играчи Вил Бартон (22 поени), Данило Галинари (21 поен) и Дерел Артут (19 поени), го предводеа тимот до победата од 106:105. Торонто го имаше во своите редови најефикасниот играч на мечот Демар Дерозан кој постигна 34 поени.

Сан Антонио го декласираше Мемфис со 103:83 и со скор од 16 победи и четири порази е единствениот тим кој го следи лидерот во шамионатот Голден Стејт. Кави Ленард со 27 поени (7/9 за три) ги предводеше Спарси до триумфот во Мемфис.

Двејн Вејд, на нецели две секунди до крајот погоди од линијата за слободни фрлања и му донесе победата на Мајами над Оклахома (97:95). Вејд мечот го заврши со 28 поени, додека кај Оклахома Расел Вестбрук и Кевин Дурент реализираа по 25 поени.

Бековската двојка Демијан Лилард (26 поени) и Си Џеј Меколум (21 поен) го предводеа Портланд до победата над Индијана (123:111). Индијана која во своите редови имаше седуммина играчи со двоцифрен број на поени го запиша првиот пораз по серијата од шест победи.

Орландо славше кај Јута со 103:94 и стигна до петтата победа во низа. Орландо имаше шестмина играчи кои постигнаа најмалку 14 поени, а тимот го предводеше Тобијас Херис со 17 и Никола Вучевиќ со 16 поени и осум скока.

Сакраменто и Бостон својот меч го одиграа пред 18.000 гледачи во Мексико Сити. Бостон, во своите редови имаше четворица играчи кои постигнаа 20 и повеќе поени, а славеше со 114:97.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП