3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan пушта конкурент на Chevrolet Volt

Nissan пушта конкурент на Chevrolet Volt

Nissan IDS Concept

„Nissan“ ќе претстави хибриден модел, во чиј моќен агрегат ќе влезе мотор со внатрешно согорување, наменет за полнење на батериите. Ова го соопшти шефот на одделот за развој на хибриди и електрични возила на производителот Јоши Шимоида за „Motoring“.

Возилото ќе се појави во 2016-та година, а ќе се позиционира како конкурент на „Chevrolet Volt“. Топ менаџерот на „Nissan“ додаде дека станува збор за сосема нов модел, а не за модификација на познатиот електромобил „Leaf“.

Хибридот ќе се движи од електромотор, а моторот со внатрешно согорување ќе се користи исклучиво како генератор. На истата шема се користи не само кај „Volt“, туку и во една од верзиите на „BMW i3“.

Шимоида додаде дека во компанијата се уште не избрале име на новиот модел. Се очекува на изглед тој да наликува на „Nissan IDS Concept“ (на фотографијата) прикажан минатата година. Концептуалниот автомобил беше опремен со батерија со капацитет од 60 kW / h, и со системот Piloted Park, со кој возилото може да се управува со смартфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП