4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.12.2015

Дневен хороскоп 04.12.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Сакате да направите пресврт во животот, но морате малку да почекате. Постојат многу нешта кои сеуште не ви се познати, а за вас би можеле да бидат и негативни доколку не знаете како да постапите. Почекајте случувањата да започнат да се одвиваат сами по себе, без оглед за кој сегмент од животот се работи. Можна е вртоглавица.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате впечаток дека сте под притисок да направите нешто што би сакале да го избегнете. Од вас се очекува иницијатива на работа. Ќе имате прилика да се сретнете со некое лице кое долго не сте го виделе, а кое во емотивна смисла многу ви значи. Проблеми со бубрезите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Внимавајте да не ве измами една Риба или Стрелец или внимавајте да не им ветите нешто што всушност не сте во состојба да го исполните. Донесувате одлука под влијание на некои други Близнаци. Односите во љубовта не се баш онакви какви што очекувате, поради што и сами сте виновни. Обрнете му малку повеќе внимание на вашето здравје.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Проширете го кругот на пријатели. Се наоѓате во ретко поволен период за многу прашања, особено ве сака среќата во поглед на финансиите. Во љубовта ве очекуваат позитивни случувања и би било добро да покажете малку повеќе иницијатива. Внимавајте на можните незгоди во спортот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Бидете внимателни во врска со деловните потези, особено ако имате намера да изработите нешто брзоплето. Вашата концентрација не е сјајна, а вие по многу прашања сте прилично наивни. Би требало максимално да им се посветите на вашите лични потреби и вниманието да го насочите на вашето здравје и физичката кондиција.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиската ситуација се средува. Станувате далеку поприлагодливи и поподготвени за соработка со оние кои до неодамна ве нервираа. Имате потреба да искажете се што очекувате и тоа понекогаш го правите на ваша штета. Партнерот е подготвен да се впушти во беспотребна борба со вас. Во одлична здравствена состојба сте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе успеете да решите некој од големите проблеми. Станувате значително поодлучни во своите барања, особено кога знаете дека ја поседувате сета потребна документација за некој случај кој многу ве интересира. Здравјето ви е одлично.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можни се вонредни приходи или добивки на кои не сте сметале. Имате големи планови во врска со работата поради кои би морале често да патувате. Ве очекува средба со една многу интересна и харизматична личност која ќе ве заинтригира. Можна е појава на алергија.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Една личност од вашето деловно опкружување ќе ви каже нешто што не ви одговара, или ушто полошо, ќе направи нешто што не ви одговара. Ќе имате прилика да склучите многу добар договор за некоја работа. Ќе бидете предмет на внимание за блиските лица. Ви претстојат позитивни промени во љубовта. Склони сте кон дебелеење.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Многу сте активни на работа, подготвени сте да преземете некои од новите обврски. Внимавајте што потпишувате, особено ако се работи за некоја работа со Близнаците. Можна е романса на работа со лице кое површно го познавате или кратка авантура. Можен е пад на имунитетот и мала настинка.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Покажувате голема упорност и издржливост во ситуација во која многу би потклекнале. Можете да очекувате поволен исход од некоја тешка ситуација. Ќе го привлекувате вниманието од лицата кои ви се допаѓаат, особено ако станува збор за водушен знак. Внимавајте, чувајте се од промаја.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе морате да прифатите некои од новите обврски, да решите некое прашање поврзано со вашиот статус или да ја средите документацијата на работа. Внимавајте да не ви избега некој важен детал. Можна е работа во странство. Ви претстои интересна средба. Добро се чувствувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП