15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар на 9.јануари продолжува со ЛШ

ЖРК Вардар на 9.јануари продолжува со ЛШ

rakometarki-vardar

Ракометарките на Вардар натпреварите во втората фаза во Лигата на шампионките ќе ги започнат на 9.јануари, кога во Скопје ќе ја пречекаат екипата на ЦСМ Букурешт. 

Инаку втората газа во Групата 2, во која вкрстуваат по три најдобри екипи од групите Ц и Д ќе стартува на 8.јануари со дербито помеѓу Ѓер и Будуќност, а ќе заврши на 28.февруари.

Во Групата 2 ракометарките на Вардар ќе одиграат дополнителни шест натпревари, а против Будуќност, ЦСМ Букурешт и Савехоф екипи кои во прата фаза се натпреваруваа во Ц групата.

Вардарки во Групата 2 влегуваат со четири бодови, освоени во двомечот со Митјиланд, што на почетокот им го носи четвртото место во групата.

Група 2, табела: 1. Будуќност 7, ЦСМ Букурешт 5, Ѓер 5, Вардар 4, Митјиланд 3, Савахоф 0.

Распоред на натпреварите:
09.јануари: ЖРК Вардар-ЦСМ Букурешт
17.јануари: Будуќност- ЖРК Вардар
06.февруари: ЖРК Вардар-Савехоф
14.февруари: ЦСМ Букурешт- ЖРК Вардар
21.февруари: ЖРК Вардар-Будуќност
26.февруари: Савехоф- ЖРК Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП