Европската Комисија ја вклучи американската компанија „McDonald’s“ во листата на мултинационалните корпорации кои се под истрага за даночно затајување.
Според весникот „Wall Street Journal“, ЕК сака да ги провери информациите дека најголемиот синџир на ресторани во светот е влезен во договор со властите на Луксембург за даночно затајување во други земји на Европа во износ од стотици милиони евра. Весникот се повикува на извештајот кој беше претставен претходно во оваа година од синдикатите на САД и на голем број европски држави.
Во нивните информации во 2009-2013-та година „McDonald’s“ тајно префрлила дел од својата добивка во Луксембург и на тој начин не исплатила во другите држави даноци за околу 1 милијарда евра.
Министерството за финансии на Луксембург и Европската Комисија одбија да ја потврдат оваа информација, како и да коментираат за случајот.
Самата компанија увери дека целосно ги исполнува сите закони, правила и даночни обврски во ЕУ.
Покрај неа, ЕУ исто така ја истражува и италијанската компанија „Fiat“, како и американските „Amazon“ и „Apple“.