15 нови модели на автомобили ги поминаа низ краш тестовите на независната европска организација „Euro NCAP“. Повеќето од нив обезбедија максимален резултат од 5 ѕвезди, но други добија рејтинг од 4, 3 и дури само 2 ѕвезди.
Возилата кои ги земаа сите пет ѕвезди на краш тестовите се „BMW X1“, „Lexus RX“, „Mercedes-Benz GLC“, „Infiniti Q30“, „Jaguar XE“, „Jaguar XF“, „Opel Astra“, „Kia Sportage“, „Kia Optima“, „Renault Megane“ и „Renault Talisman“.
Резултат од 4 ѕвезди добија „Nissan Navara“ и „MINI Clubman“, а спортското купе „BMW Z4“ има само 3 ѕвезди.
Најлошо презентација имаше „Lancia Ypsilon“, модел кој од тестовите доби едвај 2 ѕвезди.
Италијанскиот хечбек не го помина тестот за „директен судир“, по кој во одделот на моторот се појавиле чад и оган, покажуваат информациите. Слабо е претставувањето и во главните категории – „заштита на возрасните во кабината“: 44%, „заштита на пешаците“: 64%, „електронски системи“: 38%. Задоволителен е само резултатот во категоријата „заштита на децата во кабината“, каде „Ypsilon“ забележа 64%.
Резултатите на сите тестирани автомобили погледнете ги во табелата: