18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоби како некогаш, Шарлот го виде Стеф Кари

Коби како некогаш, Шарлот го виде Стеф Кари

braya viz

Стеф Кари и Коби Брајант, индивидуално ја одбележаа ноќта помеѓу средата и четвртокот во НБА лигата. Кари го предводеше Голден Стејт до 20-иот триумф од почетокот на сезоната, додека Брајант со Вашингтон одигра како во своите најдобри денови и беше најзаслужен за третата сезонска победа на Лејкерси.

Кошаркарите на Голден Стејт, во Шартлот, ја продолжија победничката низа. Голден Стејт славеше со 116:99 за 20-та победа од почетокот на сезоната. Стеф Кари, 28 од своите 40 поени постигна во третата четвртина. Кари блесна во Шарлот кој токму на овој меч се сети на својата легенда, Дел Кари, таткото на Стефон.

Коби Брајнт блесна во Вашингтон и победата на Лајкерси од 108:104. Ден претходно Коби, го одигра последниот меч во кариерата во својата родна Филаделфија, а во Вашингтон потсети на блескавата кариера, со 31 поен го предводеше тимот до третата сезонска победа.

На другите натпревари: Сан Антонио го декласира Милвоки (95:70), Детроит славеше над Феникс (127:122), Атланта загуби од Торонто (86:96), Хјустон го победи Њу Орлеанс (108:101), Индијана триумфираше над ЛА Клиперс (103:91), а Филалдефија загуби во Њујорк (99:87).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП