20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda прикажа нов кросовер со 7 седишта (фото)

Honda прикажа нов кросовер со 7 седишта (фото)

brv honda

Јапонскиот производител на автомобили „Honda“ на саемот во Тајланд го претстави серискиот модел на својот нов компактен кросовер „BR-V“. Возилото е со 7 седишта и не се разликува од претходно прикажаниот концептуален модел.

brv honda1

Моделот располага со истите светла со „LED“ дневни светла, хромирана решетка на ладилникот со црни лајсни и сребрени заштитни плочи на браникот. Задните светла се исто така со „LED“ диоди, кои се обединети со багажникот, а на покривот се ставени шини. За моделот се избрани 16-инчни тркала.

brv honda2

Погонот на „Honda BR-V“ е доверено на 1,5-литарски бензински атмосферски мотор „i-VTEC“ со 4 цилиндри. Моќноста на моторот е 120 КС и 145 КС. Идните сопственици на кросоверот ќе можат да избираат меѓу 6-брзински мануелен менувач и вариаторна трансмисија. Основната верзија е со преден погон, а како опција се нуди и систем 4х4.

brv honda3

Во опремата на моделот е вклучен автоматски круз-контрол со отвори за првиот и вториот ред седишта. Автомобилот располага уште со две предни воздушни перничиња, „ABS“ систем, систем за електронска распределба на силата на сопирање, систем за тргнување на нагорнина „Hill Start Assist“ и систем за стабилизација – „Vehicle Stability Assist“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП