21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Прва победа на Филаделфија

НБА: Прва победа на Филаделфија

filadelfijaNBA (1)

Кошаркарите на Филаделфија по 18 порази од стартот на првенството ја забележаа првата победа. Исто така тие ја прекинаа негативната низа од 28 последовни порази започната уште во минатата сезона, што е апсолутен негативен рекорд во американскиот професионален спорт.

Филаделфија, во ноќта помеѓу вторникот и средата, славеа над ЛА Лејкерс со 103:91. Домашниот тим го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од сезоната и предводен од Роберт Ковингтон (23 поени) стигна до премиерната победа, во дуелот на двата според квалитет најслаби тима во лигата.

Лејкерси ги предводеше Коби Брајант, кој во својот последен меч пред публиката во Филаделфија постигна 20 поени, поен помалку постигна Џордан Кларксон.

Кливленд го забележа првиот пораз сезонава на домашен терен. Кавалирс загубија од Вашингтон со 87:95. Екипата од главниот град на САД до триумфот стигна благодарение на Џон Вол кој реализираше 35 поени и 10 асистенции. Леброн Џејмс во поразениот тим оствари 24 поени и 13 скокови.

Резултати: Филаделфија-ЛА Лејкерс 103:91, Бруклин-Феникс 94:91, Минесота-Орландо 93:96, Њу Орлеанс-Мемфис 104:113, Портланд-Далас 112:115, Кливленд-Вашингтон 85:97.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП