ИНТЕРЕСНО

Голден Стејт преживеа во Солт Лејк Сити

utah state

Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа максималниот ефект во НБА лигата, откако во Солт Лејк Сити стигнаа до 19-та победа во сезоната. Актуелните шампиони во неизвесен натпревар славеа над Јута со 106:103.

Во НБА лигата, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, се одиграа осум натпревари во кои Сан Антонио загуби од Чикаго, а Атланта славеше над Оклахома.

Голден Стејт беше блиску до првиот пораз во сезоната, но Кари и друштвото ја надополнија негативата од 16 поени и на крајот стигнаа до победата. Кари, во последните шест минути постигна десет од своите 26 поени. Покрај Кари забележителни улоги во триумфот на Голден Стејт имаа Дрејмонд Грин (20 поени, 9 скока, 7 асистенции) и Клеј Томпсон (20 поени).

Јута која има скор од осум победи и исто толку порази ја предводеа Гордон Хејворд со 24 поени, односно Дерик Фејворс со 23 поени и 10 скокови.

Атланта против Оклахома славеше со 106:100. Дуелот во Џорџија мина во знакот на Милсап, Тиг и Хорфорд од едната односно Вестбрук, Дурент и Ибака од другата страна.

Тиг постигна 25 поени, а „дабл-дабл“ забележаа центрите Милсап (26 поени, 11 скока) и Хорфорд (21 поен, 13 скока). Вестбрк ја предводеше Оклахома со 33 поени и 11 скокови, Дурент постигна 25, а Ибака 17 поени.

Пау Гасол имаше учинок од 18 поени и 13 скокови и предводеше група од петмина играчи на Чикаго во триумфот над Сан Антонио (92:89). Кај Спарси Кави Ленерд постигна 25, а Ламаркус Олдриџ заврши со 21 поен и 12 скокови.

Двоецот Реџи Џексон и Андре Драмонд беше најзаслужен за победата на Детроит над Хјустон (115:106). Џексон постигна 31 поен, а Драмонд оствари двоен ефект од 23 поени и 13 скокови. Кај Хјустон Џејмс Харден реализираше 29 поени.

На останатите натпревари Бостон го совлада Мајами (105:95), Сакраменто убедливо победи во Далас (112:98), Милфоки го победи Денвер (92:74), а Клиперси триумфираа над Портланд (102:87).