22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФиладелфија го израмни неславниот НБА рекорд

Филаделфија го израмни неславниот НБА рекорд

fila 00

Кошаркарите на Филаделфија го израмнија најлошиот старт во историјата на НБА лигата, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, тие го загубија и 18-от натпревар од стартот на сезоната.

Филаделфија, исто така, е апсолутен рекордер според бројот на последовни порази (вкупно 28 од финишот на минатата и почетокот на оваа сезона) во професионалниот спорт на САД.

Филаделфија 18-от пораз го забележа во Мемфис (92:84). Роберт Ховингтон и Холи Томпсон постигнаа по 12 поени за најлошиот тим во лигата, додека Мемфис (скор во сезоната 10-8) го предводеа Мајкл Конли со 20 и Зек Рендолф со 17 поени и 11 скокови.

Индијана, предводена од Пол Џорџ (39 поени) славеше над Лејкерси со 107:103. Коби Брајант на шест секунди до крајот промаши тројка за израмнување, тој мечот го заврши со 13 поени (4-20 шут од поле). Џордан Кларксон (22 поени, 10 скока, 6 асистенции) и Ник Јанг со 22 поени, беа најефикасни кај „езерџиите“ кои имаат скор од две победи и 14 порази.

Феникс славеше над Торонто со 107:102, а мечот го одбележа Мирза Телетовиќ кој погоди шест тројки од седум обиди, вкупно постигна 20 поени.

Резултати: ЛА Лејкерс-Индијана 103:107, Њујорк-Хјустон 111:116, Орландо-Бостон 110:91, Бруклин-Детроит 87:83, Мемфис-Филаделфија 92:84. ЛА Клиперс-Минесота 107:99, Шарлот-Милвоки 87:82, Торонто-Феникс 102:107.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП