19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПротив стравот од заболекар со психотерапија

Против стравот од заболекар со психотерапија

o-DENTIST-FEAR-facebook

Луѓето кои се плашат од стоматолошки зафати имаат поголеми шанси да седнат на забарската столица, доколку претходно бидат подвргнати на когнитивна бихевиористичка терапија, покажува британската студија објавена во стручното списание British Dental Journal.

Пациентите со ткн дентална фобија често земаат средства за смирување за да ја „преживеат“ посетата кај нивниот заболекар. Меѓутоа, таквите лица поверојатно ќе го одложат одењето на забар и затоа ќе трпат повеќе болки и ќе имаат полошо дентално здравје, бидејќи земањето средства за смирување не овозможува долготрајно да се надвладее стравот, смета авторот на студијата, професорот Тим Њутон од лондонскиот кралски колеџ.

Со ова истражување биле опфатени 130 лица кои имале страв од стоматолошки интервенции. Сите минале психотерапија и потоа повеќе од 75 отсто биле подвргнати на забарски зафати без претходно земање средства за смирување.

„Примарна цел на нашата услуга на когнитивна бихевиористичка терапија е да се овозможи одење на заболекар без потреба да се е земат средства за смирување“, пишува Њутон.

Со истражувањето биле опфатени 99 жени и 31 мажи од кои 75 отсто имале дентална фобија, а другите страв од само еден вид зафат, на пример од инјекција или од забарска дупчалка. По терапијата вкупно 79 отсто од нив биле подвргнати на зафати без средства за смирување, а просечно минале пет психотераписки сеанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП