17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLG Display ќе инвестира девет милијарди долари во нова фабрика за ОЛЕД...

LG Display ќе инвестира девет милијарди долари во нова фабрика за ОЛЕД екрани

55 OLED TV , 3D TV, SMART TV, LG,  IFA 2012

Јужнокорејскиот електронски гигант LG Display во петок соопшти дека планира да инвестира речиси девет милијарди долари во нова фабрика за органски екрани чија технологија се базира на светлечки диоди (ОЛЕД) бидејќи се очекува силен раст на побарувачката за таа технологија со ултра висока резолуција.

Вкупната вредност на инвестицијата во фабриката што ќе се гради во близина до границата со Северна Кореја, ќе надмине 10.000 милијарди вона (8,7 милијарди долари), очекуваат во оваа јужнокорејска компанија.

Во првата фаза се планирани издвојувања во висина од 1.840 милијарди вона, а производството би требало да започне во првата половина на 2018 година, се наведува понатаму во соопштението.

Извршниот директор Хан Санг-Беом изјави дека станува збор за историска инвестиција која фабриката ќе ја направи центар на глобалната индустрија на ОЛЕД.

ОЛЕД екраните овозможуваат поголем квалитет на сликата, помала потрошувачка на енергија и ветуваат повисоки профитни маржи од екраните произведени со технологијата на течен кристал (ЛЦД).

LG Display во моментот е најголем светски производител на ЛЦД панели, а веќе некое време најавува значително свртување во насока на напредните ОЛЕД технологии.

Повикувајќи се на податоци од истражувачката компанија HIS, од LG Display напомнуваат дека се очекува глобалниот пазар на ОЛЕД панели во 2022 година да достигне вредност од 29,1 милијарди долари, во споредба со ланските 8,7 милијарди долари.

Поголем дел од тој раст би можел да се припише на извештаите дека Apple од 2018 година планира да воведе ОЛЕД екрани на своите паметни телефони IPhone. Apple е најголем клиент на LG Display, а заслужен е за четвртина од неговите вкупни приходи.

Во моментот доминантен играч на пазарот на ОЛЕД екрани за паметни телефони е неговиот јужнокорејски конкурент Samsung Display.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП