24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТри месеци бесплатен промотивен период за сите пакети со три услуги на...

Три месеци бесплатен промотивен период за сите пакети со три услуги на Близу

bliz

Во пресрет на  празничниот период, Близу за своите корисници нуди екслузивна промотивна понуда за сите пакети со три услуги: пакетите Старт, Смарт, Екстра и Премиум.

Со оваа понуда, соодветно на пакетот кој ќе го изберат, корисниците добиваат дигитална телевизија со најголем број на HD канали, неограничен интернет со брзина до 150 Mbps  и фиксна телефонија со неограничени разговори во сопствената мрежа, бесплатно во првите три месеци. Покрај бесплатните месеци, корисниците добиваат бесплатна корисничка поддршка за сето времетраење на договорот, како и бесплатна опрема за користење.

Оваа понуда важи за сите нови и постоечки корисници за склучен договор на 24 месеци,  во 6-те града каде Близу има техничка можност за активација: Скопје, Тетово, Велес, Штип, Прилеп и Куманово. Понудата е временски ограничена и трае до 31.1.2016

За повеќе информации корисниците можат да се обратат на телефонскиот број 089 011 011 или на веб страницата www.blizoo.mk

Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопственост на Телеком Австрија Групацијата. Близу на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супербрз неограничен интернет со брзина до 150 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП