1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Фенербахче во Топ 16

Евролига: Фенербахче во Топ 16

bangaly-fofana-strasbourg-eb15 (1)

Кошаркарите на Фенербахче, на три кола до крајот на првата фаза, изборија пласман во Топ 16, во Евролигата. Фенербахче во седмото коло славеше над Стразбур со 81:64.

Екипата на Фенербахче има скор од шест победи и еден пораз и од А групата, на три кола до крајот на првата фаза, веќе го обезбеди учеството во Топ 16. Перо Антиќ во триумфот над Стразбур не постигна ниту еден поен, а Фенер до триумфот го предводеа Весели со 20 и Јудо со 13 поени.

Во оваа група Баерн славеше кај Химки (81:70) и дополнително ја закомпликуваа ситуацијата на табелата. Брајант со 17 и Ренфро со 14 поени го предводеа Баерн до победата.

Резултати, 7.коло:

Група А:

Химки-Баерн 71:80 (14:23, 16:19, 21:17, 19:22)

Фенербахче-Стразбур 81:64 (22:14, 18:20, 21:13, 20:17)

Група Б:

Лимож-Цедевита 69:78 (18:20, 21:18, 12:15, 18:15)

Армани-Ефес 88:84 (23:21, 21:15, 22:19, 22:19)

Олимпијакос-Лаборал Куча 59:52 (12:6, 24:16, 10:17, 13:13)

Група Ц:

Зелена Гора-Барселона 64:93 (18:24, 17:20, 15:25, 14:24)

Група Д:

Уникаха-Макаби 82:68 (26:20, 22:11, 15:18, 19:19).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП