20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari за само еден месец го распродаде моќниот F12tdf (видео)

Ferrari за само еден месец го распродаде моќниот F12tdf (видео)

tur bb

Некаде на средината на октомври „Ferrari“ ја претстави специјалната ограничена серија на моделот „F12 berlinetta“ под ознаката „tdf“ (Tour de France), a сите 799 планирани примероци веќе ги добија своите сопственици.

И покрај почетната цена од 310.000 eвра, без данок (малопродажната цена со додатоци достигнува и половина милион евра), „Ferrari F12tdf“ е распродаден за нешто повеќе од еден месец, колку што мина од неговата премиера.

Автомобилот чија вредност со текот на години кои следат ќе расте благодарејќи на ограничената серија, но и фактот дека веројатно е последното „Ferrari“ кое ќе има атмосферски „V12“ мотор кој располага со 780 ks (574 kW) и 705 Nm.

Од место до „стотка“ автомобилот забрзува за 2,9 секунди, додека од 0 дo 200 km/h стигнува за само 7,9 секунди. Максималната брзина на овој модел е 340 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП