15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик во тимот на колото

Штербик во тимот на колото

sterbinjo 00

Арпад Штербик од Вардар е најдобриот голман во осмото коло, во Лигата на шампионите. Штербик, блескаше на голот на Вардар, но не успеа да го спречи поразот на својот тим од Барселона (25:27).

Чуварот на мрежата на „црвено-црните“, натпреварот против европскиот шампион го заврши со 16 успешни интервенции.

Инаку, во најдобрите потези на колото, ЕХФ го смести и голот на Вардарецот Тимур Дибиров, кој против Барслеона постигна три гола.

Од дербито, кое во неделата се одигра во Скопје, место во идеалниот тим на колото избори и десното крило на Барселона, Виктор Томас, кој против Вардар постигна седум голови.

ЛШ, идеалниот тим на 8-мо коло:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)

Лево крило: Мануел Линигер (Шафхаузен)

Лев бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Среден бек: Деан Бомбач (ПИК Сегед)

Десен бек: Лука Шебетиќ (ППД Загреб)

Десно крило: Виктор Томас (Барселона)

Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП