Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи објави дека ќе повлече преку 300.000 возила од моделот „соната“ заради проблем со стоп светлата.
Постои опасност кога возачот ќе ги употреби сопирачките, стоп светлата да останат трајно вклучени.
Отповикувањето се однесува на Сонатите произведени во 2011 и 2012 година, пренесуваат светските агенции.
Од компанијата појаснија дека перничето меѓу педалата на сопирачката и клипот што ги гаси светлата може да пропадне, така што тоа може да доведе светлата да останат вклучени.
Хјундаи соопшти дека до сега нема информации за сообраќајки или повреди предизвикани од тој проблем.
Датумот од кога ќе започне повлекувањето сè уште не е познат.